Вкупно 60 македонски компании за седум години склучиле бизнис-договори со странски партнери преку европската електронска мрежа „Ентерпрајз Јуроп нетворк“ (ЕЕН). Kако што беше речено вчера во Стопанската комора, од околу 50.000 домашни претпријатија, на ЕЕН мрежата, која овозможува воспоставување директни деловни контакти со странство, се вклучени 1.000. Ја користат различни сектори, но не само за бизнис-соработка, туку и за трансфер на технологии, како и за влегување во конзорциуми. Мрежата претставува моќна платформа за комуникација, барање бизнис-партнери, поддршка за малите и средните претпријатија, но и инструмент за доближување до ЕУ пазарите. Нејзиното користење е бесплатно и зависи единствено од добрата волја на компаниите, истакна Софче Јовановска, директор на Дирекцијата на регионални комори.
Вкупно 60 македонски компании за седум години склучиле бизнис-договори со странски партнери преку европската електронска мрежа „Ентерпрајз Јуроп нетворк“ (ЕЕН).
Kако што беше речено вчера во Стопанската комора, од околу 50.000 домашни претпријатија, на ЕЕН мрежата, која овозможува воспоставување директни деловни контакти со странство, се вклучени 1.000. Ја користат различни сектори, но не само за бизнис-соработка, туку и за трансфер на технологии, како и за влегување во конзорциуми.
- Мрежата претставува моќна платформа за комуникација, барање бизнис-партнери, поддршка за малите и средните претпријатија, но и инструмент за доближување до ЕУ пазарите. Нејзиното користење е бесплатно и зависи единствено од добрата волја на компаниите - истакна Софче Јовановска, директор на Дирекцијата на регионални комори.
Лани преку ЕЕН директно се промовирале 1.230 домашни компании, 104 учествувале на средби со можност за потенцијално склучување 43 договори, 25 се прифатени од надворешни партнери, а се доставени и 36 барања од странски фирми за соработка со македонски. Годинава се очекува да бидат склучени 20 технолошки договори за партнерство.